Приказната на
успехот

8B6T0557
0
Години искуство во работата
За нас

БАТО & ДИВАЈН претставува компанија за високо-технолошко печатење, со доследност кон создавање на трајни печатарски импресии. Како проевропски конфигурирана full-service графичка компанија, специјализирана за индустриско производство, БАТО & ДИВАЈН успешно ги задоволува потребите на пазарот на Југоисточна Европа веќе 28 години, преку интегрираните сегменти за:

  • Графички ДИЗАЈН и подготовка [prepress]
  • Offset, Flexo и Digital ПЕЧАТЕЊЕ
  • БЕЗБЕДНОСЕН печат
  • BILLING решенија [изработка на сметки и други персонализирани материјали]
  • ДОРАБОТКА [post press]

Постојано водиме грижа сé што создаваме секогаш да носи дополнителна вредност за нашите клиенти. Оттука, континуираното инвестирање во водечките технологии, примената на технолошки иновации и know-how, надополнети со долгогодишната експертиза во индустријата, овозможуваат:

  • Секогаш врвна услуга во согласност со највисоките деловни стандарди
  • Реализација на најкомплексните барања од идеја до финален производ
  • Конзистентна изработка на разновидно портфолио на висококвалитетни печатени производи
  • Градење и одржување на долгорочни, партнерски релации со клиентите базирани на доверба
0
+
Успешно завршени проекти
8B6T4115
БАТО & ДИВАЈН
ISO Менаџмент системи

Севкупните операции и процеси се хармонизирани во согласност со барањата и принципите на долунаведените ISO стандарди, за кои e сертифицирана компанијата.

Систем за управување со квалитет ISO 9001:2015
Систем за управување со заштитата на животната средина ISO 14001:2015
Систем за управување со безбедноста и здравјето при работа OHSAS 45001:2018
Систем за управување со безбедност на информации ISO 27001:2013

Имплементацијата на интернационалните стандарди во секојдневното работење, придонесува кон унапредена перформанса во остварување на визиите на нашите клиенти и надминување на нивните очекувања.

Затоа што успехот на нашите клиенти е и наш успех.

Погледнете ја нашата компаниска политика

Редукција на СО2 емисија и енергија

Нашата мисија...

Нашата мисија го претставува цврстиот темел на кој се базираат сите наши делувања и одлуки, осигурувајќи дека основните вредности за кои се залагаме како компанија, секогаш останат непроменети

– Негување на печатарската умешност во зачувување на ВРВНА УМЕТНОСТ во печатењето.

– ИНТЕГРИТЕТ во градењето на трајни вредности кои оставаат отпечаток.

– Создавање ПЕЧАТЕНА МАГИЈА, зачинета со безгранична креативност и  сплотена со најновите технолошки достигнувања, на начин спореден со процесот на креирање ремек-дело.

– Поттикнување на незапирлива ИНОВАЦИЈА и СОВРШЕНСТВО во обезбедувањето на одлична услуга и извонреден квалитет на производи, за надминување на очекувањата на нашите клиенти денес, додека ги предвидуваме нивните потреби на утрешнината.

ЗОШТО ДА НЀ ОДБЕРЕТЕ НАС?
Наши способности

Клиентите денес се водени од можноста за избор – изобилството на решенија кои можат да бидат исполнети веднаш. Одлуката за вистинскиот избор, секогаш се базира на можноста за разликување. За нашите клиенти да имаат добра причина постојано да ги избираат нашите производи, секогаш овозможуваме нешто поразлично.

Во чекор со континуираните промени во индустријата, посветено ги исполнуваме денешните очекувања на клиентите, истовремено предвидувајќи ги нивните потреби на утрешнината.

Постојано проучувајќи ги светските трендови, ги проценуваме пазарните барања, истражуваме нови производни можности, ги спроведуваме најдобрите практики, и потоа доследно ја применуваме иновацијата на дело.

Сеопфатната понуда на секогаш разновидни печатарски можности и уникатни решенија ориентирани кон иднината, придонесува за незаборавно патување на нашите клиенти кон загарантиран успех.   

Со непрекинато инвестирање во водечките технолошки достигнувањa и know-how, комплетната реализација и на најкомплексните печатарски барања е нашата предност, секогаш висококвалитетен, ефективен и целосен впечаток.

БАТО & ДИВАЈН
НАГРАДИ